Владата и додели 100.000 eвра помош на Албанија за поплавите

Владата на денешната седница одлучи да се одделат шест милиони денари финансиска помош и дополнителна хуманитарна помош, за настраданите во поплавите во соседна Албанија, пишува порталот Пресс24

На претходната владина седница беше разгледана информацијата од страна на Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите во Албанија по големите поплави.

Владата тогаш ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.