Владата изрази жалење затоа што на Супер-купот во Скопје имало само македонски ора

uefa-oro-640x334

Портпаролот на владата на Република Македонија Миле Бошњаковски изрази жалење во име на Владата на Република Македонија затоа што на свечената церемонија на отворањето на Супер-купот на Европа во Скопје немало ора кои го претставувале мултиетничкиот концепт во државата.

„Владата на Република Македонија не беше дел од Уметничкиот концепт на Суперкупот на УЕФА. Уметничката идеја беше направена од претходната влада и Фудбалската Федерација на Македонија како организатор. Новата Влада само технички ја подржа организацијата на Европскиот Суперкуп. Изразуваме жалење за тоа што ФФМ како организатор не посветила внимание на мултиетничкиот концепт на нашата држава“, изјавил портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, пренесува порталот Журнал.мк.

bosnjakovski-640x231

Да погледнеме уште еднаш за што жали владата на Република Македонија:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.