Летото е период во кој сите ние сакаме да уживаме, да сме на некоја плажа, базен, да пиеме коктел, но некој ужива, а некој работи.
Македонската фолк-поп дива Елена Велевска речиси и да не мирува, покрај настапите кои ги има ова лето, таа работи на нов материјал, како за публиката во Македонија, но и за бугарскиот пазар.
Храбра како и секогаш, во време кога се стагнира, речиси никој не издава ништо, Велевска го промовираше новиот спот кој за помалку од 2 седмици има над 125.000 прегледи.
Спотот е снимен во Бугарија во Сончев Брег, а снимањето траело три дена.
Погледнете го видео спотот во кој нашата пејачка изгледа како вистинска БОМБА: