Времето денеска ќе биде умерно облачно со повремени сончеви периоди и потопло, со благ пораст на дневните температури. Ќе дува до умерен слаб јужен и југозападен ветер.
Утрата ќе бидат посвежи со пад на утринските температури, кои ќе се движат од минус шест до три степени. Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од два до 12 степени.
Се очекува денеска да има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда. Во вторник времето ќе биде облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два степени, а дневната од четири до 10 степени.
В среда ќе биде променливо, а претпладне со повремен дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната од три до десет степени.
Времето в четврток ќе биде променливо облачно, а попладне со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 1 степен, а дневната од 2 до 7 степени.