Со цел да се поттикне интересот за природните науки од минатата година во организација на Сојузот на хемичари и технолози под покровителство на ПМФ, се организира вториот МЕСЕЦ на науката, на кој учество зедоа и учениците од СОУ ГИМНАЗИЈА”МИРЧЕ АЦЕВ – Прилеп.
Со свои демонстрации од природни науки настапија 9 тимови, од кои наградени беа 5 тимови.
Наградени се учениците:
Вероника Кукеска и Леонарда Кајџаноска, за пресметување на моларен волумен – трето место. (хемија), ментор проф. Блаже Димески
Сања Атанасоска и Бисера Галеска, за „Мраз што гори“ – второ место. (хемија), ментор проф. Блаже Димески
Жанет Николоска од и Марија Николоска за „Импровизација на крв и снег во филмската индустрија“ трето место. (хемија), ментор проф. Ружа Ангелеска
Симона Јовеска и Мартина Радеска за „Дифузија во крвни садови“ – трето место. (биологија)
Успешни беа и Ана Димоска и Христијан Стомнароски кои за симулација на „Ел Нињо“ освоија прво место по географија под менторство на проф. Виолета Просковска Велкоска