Викендов хорор во Прилеп: Отишла да чува дете, не ни насетувала што ја чека

policijalenta8

Вистински хорор се одвивал вчера во Прилеп кога во куќа на улицата Оревоечка, била нападната и брутално повредена жена која чувала дете. Полциијата денеска информира дека се работи за 47-годишната П.И. која била вработена како дадилка во куќата на 41-годишната Д.Р. на која и го чувала детето. Жената го почнала денот како и секој друг, не ни насетувајќи што ќе и се случи, се додека засега непознат насилник не влегол во куќата. Тој ја удрил дадилката со тврд предмет во главата, по што таа паднала и се онесвестила, па тој и ги врзал рацете и устата со самолеплива лента, по што претурил се во куќата, а откако не нашол ништо, излегол.

На П.И. и била укажана медицинска помош и констатирани и биле телесни повреди од страна на лекар од Итната медицинска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.