“Видете ме – СРБИН сум, поддржете ги нашите права, како јас вашите!!!” (ВИДЕО)

Пратениците и денеска дебатираат во Собранието околу донесувањето на Законот за јазиците.

Со овој закон албанскиот јазик во многу сегменти се изедначува со македонскиот, а Македонија ќе стане двојазична.

Дури и во градови како што е Прилеп, каде не живее албанско население, законот ќе треба да се применува во институциите.

Вака Иван Стоилковиќ, Лидерот на Демократската партија на Србите во Република Македонија, му се обрати на колегите Албанци за Законот за двојазичност:

“Јас сум единствениот Србин пратеник во Собранието на Република Македонија кој до сега ги поддржал сите закони кои значат и носат подобрување на правата на Албанците во Р. Македонија. Но, што вие направивте за правата на помалите етнички заедници? Сакате да ви дадам одговор!? Одговорот е поразителен! Милиони амадмани на изборниот законик каде се бара гарантирани места за помалите етнички заедници. Блокиран процес, помалите етнички заедници исфрлени од политичкиот и од секој друг процес”, истакна Стоилковиќ.

Целосното негово обраќање погледнете го во продолжение:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.