Бегалската криза и доселувањето на илјадници мигранти на територијата на Европа, целосно ги разори традиционалните норми на живеење на некои општества.
Она што добија освен евтина работна рака, европските држави како Германија, Италија, Франција и Шведска добија и секојдневни нереди, убиства, силувања, грабежи ….
Со Стратегијата за интеграција на бегалци и странци, стравот од ваквите случувања се пресели и во Македонија. Медиумите секојдневно објавуваат за планирани локации низ целата држава за населување на мигранти и изградба на бегалски кампови.
Прилеп не е исклучен од овие пишувања, па граѓаните забрзано за неколку дена собраа повеќе од 2500 потписи и побараа референдум по ова прашање и отфрлање на стратегијата на министерството за труд и социјална политика.
Советниците на СДСМ не ја подржаа таа иницијатива, а мнозинството во советот на Општина Прилеп предводено од ВМРО-ДПМНЕ побара референдумот да се одржи на 15-ти октомври заедно со престојните локални избори.
Видеото во продолжение е вистински доказ за она што секојдневно се случува во Европа и што ќе се прелее на нашата територија.
А/Г/