Сибирски студ, снег и силен ветер го замрзнаа морето во Хрватска. Фотографиите од оваа неверојатна глетка се објавени на Фејсбук страницата Истра Мет.
Интересни глетки пристигнуваат и од Загреб од каде во 10 часот синоќа биле измерени -9 степени Целзиусови, но со оглед на силниот ветер, чувството на студ е поголемо.
Најголем студ во оваа земја се очекува денеска.
Како што јавуваат тамошните медиуми, во Горски Котор наврнало 3 метри снег.
Погледнете: