Црногорскиот државјанин Ален Бикиќ го снимил нападот на пирати во водите на Нигерија
Инцидентот се случил во четвртокот, а борбата за опстанок траела со часови „Беа вооружени со три калашњикови (АК-47)“, нагласува Бикиќ и додава дека биле осум пирати под маски.
„Откако ги воочивме, ги вперив сигналните ракети на нив и откако испаливме три, тие се откажаа“, рекол Бикиќ.
За храброста, како што вели, е пофален во компанијата за која плови, а снимката ја објави Фејсбук страницата „Подгорички времеплов“.