Словенец тврди дека патувал во 45 век, односло престојувал на земјата во петиот милениум во наша ера
Патување низ времето е нешто што многу луѓе мислат дека е можно самово кнгите и научно фантастични филмови, меѓутоа…
Еден Словенец тврди дека патувал во 45 век, односло престојувал на земјата во петиот милениум (помеѓу 4001 и 5000 година) во нашата ера. Човекот кој се претставил како Давид, вели дека Никола Тесла му е вечна инспирација. Тој тврди дека својата временска машина почнал да ја прави пред осум години, како и дека за тоа време запознал многу патници низ времето ширум светот, кои му помогнале да ја конструира машината.
“Додека работев на машината, го обиколив цел свет. Запозанав човек со повреди на глава , здобиена од ласерско оружје. Друг човек ми покажа слика од 35 век”, тврди тој.
“Во Франција запознав човек кој самиот себеи се повредил со временска машина. Ми рече дека му биле потребни три години да ја поправи и дека од тогаш, патувал низ времето 40 пати”, вели Давид. После долги проучување и консултации, Давид ја конструирал машината која изгледа како матична плоча на ПЦ во компјутери. Патувајќи низ времето, ни тој самиот не поминал без повреди, а во една прилика бил и ранет во главата. Давид вели дека проблем е машината која дозволува патување само во иднината, но тврди дека благодарение на неа сведок е на некои запрепастувачки работи, пишува Indy100.
“Неговото прво патување траело само 20 секунди. Од тогаш секој следен пат патував се подолго. Видов многу интересни работи. Видов дури и вонземјани, кои живеат со нас. Комуницирав со луѓе од иднината”, раскажал тој.
Давид тврди дека видел згради со повеќе од 500 ката и летечки автомобили.
“Би сакал многу да ви раскажам, но свесен сум дека мојот изум може да повреди многумина и да донесе несреќа”, вели тој. Сепак има некои недостатоци во неговата приказна. Давид прво рекол дека престојувал во 45 век, а подоцна навел дека неговата машина може да патува само до 38 век.