Тајните друштва со векови ја брануваат фантазијата на јавноста
Тајните друштва често се темелат на окултизам и мистицизам, како на пример „Редот на источниот храм“, „Златна зора“ и „Розенкројцер“. Мистични елементи обилуваат и во масонските организации, како и бројни студентски тајни друштва кои се доста популарни во Америка. Речиси сите тајни друштва инсистираат на меѓусебно помагање, осбено во работата, по „роднински“ принцип.
Слободните ѕидари, илуминатите и темпларите добро ги знаеме благодарение на книгите и филмовите но постои мноштво на ексклузивни друштва кои своето постоење го држат во најголема тајност, и од сенка ја кројат нашата судбина.
По теориите на завери, овие пет тајни друштва владеат со светот.
300
Познато под името „Олимпијци“, тие наводно се основани од членовите на британската аристократија во 1727. како резултат на растот на британската источно-индиска компанија и нејзиниот успешен модел на колонијална експолатација. Членовите се припадници на светските кралски и владеачки семејства, а нивните состаноци се одржуваат во позадина на хуманитарни и разни други конвенции.
Во договор со финансискиот магнат Ротшилд, скриената рака на оваа групација наводно ја одредува економската судбина на земјите, земјоделството, компаниите…
Освен тоа, се смета дека се вложува голем труд во потиснување на новите изуми како фузиска енергија, бидејќи такви изуми се закана за интересите на естаблишментот.
Боемски клуб
Имаат околу 2.900 членови, а како и другите тајни друштва се втемелени под изговорот на племенити новинари, уметници и музичари од 1870. во Сан Франциско, но набрзо се истиснати од банкари, политичари и индустриската елита. Се смета дека сите кои нешто значат во светот припаѓаат на ова друштво, во клубот се влегува само на повик на другите членови, а членовите се исклучиво мажи.
Тие се собираат секое лето за да избегаат од „нецивилизираниот интерес на обичниот човек“. Наводно од нив потекнуваат и бројни светски политики, посебно американските, како и проекти како идејата за фрлање на атомски бомби на Јапонија. На собирите се молат под голема скулптура на гавран висока 12 метри и извршуваат сатанистички ритуали, па и жртвувања.
Билдербершка група
Билдербершката група прв пат се собрала во 1954. година во Холандија, а називот го добила по хотелот во која се состанала. Ги собира 140 највлијателни луѓе во светот. По состанокот никој не држи конференција за новинари ниту во јавноста се обелоденува кои биле темите на разговор. За време на годината, групата има одредена хиерархија во групата, па така постои управувачки одбор кој го именува ретседателот. Групата ја пратат разни теории на завери како и бројни критики.
Некои групата ја обвинуваат за тајно управување со светот и владите, преку тајно влијание на одлуките на ЕУ, Г8, СТО и Светскиот економски форум. Списокот на луѓе кои присуствувале на тајните состаноци е поприличен, но некои од најпознатите се Маргарет Тачер, Франсоа Митеран, Педи Ешдаун, Бил и Хилари Клинтон, Тони Блер, Романо Проди и многу други. Се верува дека најголем интерес на ова друштво е монетарна стагнација на светот која промовира постоење на долг на работничката класа.
Трилатерала
Трилатералната комисија е приватно здружение формирано во 1973, а член на Трилатералната комисија не може да се стане по сопствено барање. Истакнати поединци, лобисти, шефови на светски инвестициски фондови, банки, луѓе кои во своите биографии имаат најголеми политички функции било во своите држави или во меѓународните институции како ОН, можат да се приклучат на одбраното друтштво само ако добијат повик. Основачот на фамозната Трилатерална комисија е припадник на семејството кое е меѓу клучните актери на теориите на завери. Станува збор за Дејвид Рокефелер кој оваа елитна групација ја формирал во 1973 година. Во тоа му помогнал и американскиот геостратег Збигњев Бжежински.
Темите на разговорите, наводно, се мир во светот, но критичарите тврдат дека всушност се крои капиталистичка теорија за владеење со светот, а во своите интерси поставуваат разни членови на високи места во општеството. Бројни критичари ја сметаат Трилатералната комисија за опасна концентрација на моќ и сметаат дека досега нивните договори го надминуваат она што се споделува со јавноста. Разни теории на заговор се обидуваат да ги документираат нивните потенцијали да влијаат на светските движења наспроти демократските избори и други начини на формирање на легитимна власт, односно врски со тајни друштва.
Давос
Како сопственици на повеќе од двеста милијарди долари, челниците и моќници на најголемите светски банки се состануваат еднаш годишно на Светскиот економски форум, додека на снежните падини на швајцарскиот Давос членовите на друштвото во сенка ја обликуваат глобалните, регионалните и индустриските цели. Членовите наводно мораат да платат 700.000 долари чланарина за учество на овие приватни состаноци, а тоа им гарантира влијание на сите светски лидери. Постојат гласини дека членовите во последно време делат совети и договараат сигурни бази за себе во пресрет на трета светска војна.
Извор: infomax