(Видео)НЕ ИМ СЕ ПЛАШИМЕ: Таткото на Јане Ченто објасни што се случувало утринава во нивниот дом!

– Ова е наметнат процес, исто како на неговиот прадедо. Не се плаши ниту тој, ниту јас, ниту фамилијата не им се плаши. – изјави таткото на Јане Ченто кој утринава повторно беше уапсен и вратен назад во притворот во истражниот затвор „Шутка“

Утринава нешто пред 10 часот, полицијата извршила проверка во домот на Јане Ченто, по што истиот бил приведен со образолжение дека не се придржувал до препораките на судот, и на 30. март, според полицијата, тој го напуштил куќниот притвор во период од околу половина час.

Неговиот татко демантира дека тоа е така, и како доказ нуди снимки од безбедносните камери кои ги има поставено, од кои како што вели се гледа дека Ченто во ниту еден момент не го напуштил домашниот притвор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.