Мечка која го турка својот повреден тренер во инвалидска количка, можеби не е првото нешто кое ќе ви падне на памет дека ќе го видите на снимка, но тоа е точно на што се случило со мечката Јаша
Тренрот Олег Александров имал несреќа во Нижегородскиот циркус по пад од 18 метри од централната купола, при што ги искршил двете нозе и раката. Во моментот на повредата тој одгледувал и три мали мечиња.
„Тие беа многу малечки кога ги земавме и ја купивме целата детска храна од продавниците затоа што само тоа јадеа. Ги храневме од шише и ги одгледавме“, вели Олег. Како и да е, по несреќата, Олег бил хоспитализиран и оттргнат од неговите мечки или „влакнести деца“ како што тој ги нарекува.
„Бев многу загрижен за тоа дека нашата врска ќе се расипе“, вели тој, додавајќи дека „оваа мисла ми се вртеше околу мојата глава додека лежев во болница. Размислував за тоа дали ќе ме прифатат повторно. Можна беше дистанца помеѓу нас“.
За среќа, се завршило позитивно и Олег повторно е заедно со мечките кои го прифатиле како „еден од нив“. Јаша изгледа среќна со можноста да му помогне на нејзиниот тренер.