(Видео)АЛБАНЦИТЕ ДОБИВААТ ТРЕТА ДРЖАВА: ДУИ ги демаскираше лагите на Заев, албанскиот ќе биде официјален јазик во сите институции!

Зоран Заев контра ДУИ, или пак од ДУИ ги разобличуаат лагите на Зоран Заев, откако коалиционите партнери преку изјави во јавноста тврдат различни работи во врска со законот за јазиците, со кој де-факто Македонија станува двојазична држава.

По изјавата на Зоран Заев дека албанскиот нема да биде официјален јазик во сите институции, од ДУИ го велат сосема спротивното, објавува ТВ 21 пренесувајќи ја изјавата на Арбер Адеми од ДУИ кој објаснува дека двојазичноста ќе се спроведе во секое ниво на државата и нејзините институции.

„Јасно се кажува во кои институции и на какво ниво ќе биде официјален албанскиот јазик, вклучувајќи го тука претседателството, Владата на Р.Македонија, Собранието, обвинителството, судството и сите други институции кои оперираат во нашата држава. Албанскиот јазик ќе биде официјален јазик и ќе го има заслужениот јазик во согласност со Уставот“ – изјавил Адеми.

Интересно е тоа што како и во случајот со договорот за добрососедство со Бугарија, така и од ДУИ ја употребуваат флоскулата „јазик согласно Уставот“ со уште еднаш јасно се дава до знаење дека сите јазици во Македонија ќе бидат ставени на рамниште на измислени, односно јазици кои се туѓи (бугарски или албански) но кои луѓето кои живеат на оваа територија се договориле да ги нарекуваат поинаку.

На овој начин, Албанците де-факто добиваат и трета држава на Балканот, спроведувајќи го нивниот план за „голема Албанија“ преку последниот проект со Тиранската платформа која ја прифати Заев за да може да формира Влада. Договор кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифати.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.