Вечерна литургија во манастирот Св. Петка во с. Лениште во чест на десеттемина загинати прилепчани на Карпалак во 2001-та година(ФОТО)

20706684_10212007729260028_1881364817_n

Вечерва со положување цвеќе на спомен обележјето во манастирот Св. Петка во с. Лениште и со вечерна литургија, започна одбележувањето на 16-годишнината од трагичната смрт на десеттемина прилепчани – резервисти, кои за време на војната во 2001 година на свиреп начин беа убиени.

20646079_10212007729460033_981690618_n

20706681_10212007729420032_775176094_n

20707523_10212007729220027_2024957799_n

На поканата на Здружението на учесници на “Карпалак” и Општина Прилеп се одзваа голем број граѓани кои вечерва беа присутни во манастирот и се помолија за мир на покојните, како и  таквите настани уште еднаш да не се повторат.

20731093_10212007729540035_1826345269_n

20732746_10212007729020022_712695574_n

Утре одбележувањето ќе продолжи со следната агенда:

Во 6:00 часот, тргнување за Карпалак од пред влезот на старата општинска зграда.

Во 07:30 положување цвеќе на гробовите на погинатите борци

Во 10:00 часот Панихда во црквата Св. Петка во населбата Точила

Во 12:30 часот одбележување на настанот пред спомен комплексот “Kaрпалак” во центарот на Прилеп.

На 08.08.2001 година кај месноста Карпалак беа убиени:

Сашо Китаноски

Нане Наумоски

Бранко Секулоски

Марко Деспотоски

Ердован Шабаноски

Љубе Грујоски

Дарко Вељаноски

Веби Рушидоски

Горан Миноски

Пеце Секулоски

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.