Вест за верувале или не! Македонија во одбрана на Саудиска Арабија: МНР ги осуди нападите на Хутите

Кога сме кај македонските власти многу нешта наликуваат на верувале или не!

Најновото соопштение на Министерството за надворешни работи на Република Македонија гласи:

Република Македонија остро ги осудува ракетните напади од страна на Хутите врз градови во Саудиска Арабија, кои се случија на 25-ти март 2018 година.

Ракетните напади врз Саудиска Арабија претставуваат флагрантно кршење на меѓународното право и ја загрозуваат регионалната и меѓународна безбедност. Овие напади, кои ги поткопуваат напорите на новиот Специјален Претставник на Генералниот Секретар на ОН за Јемен, треба веднаш да престанат – стои во соопштението објавено на веб страната на нашето МНР.

Инаку Хутите се јеменски шиитски бунтовници кои војуваат против Саудиска Арабија и на 25 месецов извршија напад со балистичка ракета врз главниот град на Саудиска Арабија Ријад.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.