Вардар стана редовен пациент на Победа

Победа триумфираше против Вардар со 2:0 и ги врати надежите за опстаток во највисокото фудбалско натпреварување во Македонија.

По втор пат сезонава како домаќини, прилепчани однесоа три бода против сеуште актуелниот шампион.

Со головите на Благојче Гешоски во 20-та минута и Зоран Даноски во 55-та, Победа стигна до драгоцени бодови и се зацврсти на 8-та позиција на табелата, место на кое доколку се задржи ќе значи плеј-аут натпревар на крајот од сезоната.

Веќе во наредното коло прилепчани ќе имаат шанса да се доближат и до седмо пласираниот Шкупи, доколку триумфираат на гостински терен.

Добро е тоа што Пелистер загуби од Работнички со 4:0, а последниот Скопје загуби со 0:2 на гостувањето кај Академија Пандев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.