Во рамки на квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот носител на трофејот, Вардар ремизираше на гостувањето кај Малме во Шведска (1:1)
Во првиот дел не беше постигнат ниту еден погодок, а резултатот го отвори Бобан Николов кој на асистенција на Балотели направи вистинска мајсторија во 63. минута.
Но во 75. минута стигна одговорот и од домашниот состав, кој до реми стигна благодарение на погодокот на Брорсон.
Реванш дуелот ќе се одигра на 18. месецов на арената „Филип Втори“.