Валентина Грбавац е 19-годишната кандидатка на ХСП за градоначалник на општината Вргорац. Стидентката која е прва година на факултетот за бродска електротехника и информатика со ова станала најмладиот кандидат за градоначалник во историјата на Хрватска.
Освен за нејзината возраст, можеби и преамбициозната Валентина, по кандидатурата наишла на критики дека таа воопшто не е родена во местото каде се кандидира, и дека е „фиктивна Вргочанка“.
– Не се срамам да кажам дека сум Херцеговка, но пред се сум горда Хрватка. 10 години живеам во Вргорац, тука завршив осново и средно училиште. Образованието го продолжив во Сплит бидејќи тоа е најблискиот град каде има универзитет, изјавила Грбавац за 24сата.хр.
Во политиката вели дека се вклучила кога се разочарала од безнадежноста на своите врсници и тоталната недоверба која тие ја имале спрема политичарите.
– Верувам дека многу можам да придонесам за развојот на мојот град, многу повеќе отколку оние на кои веќе 20 години им се дава довербата.
Во партијата Валентина ја опишале како упорна и одлучна девојка, а за себе изјавила дека сака мода и дека е активна во локалниот женски фудбалски клуб.