Вака се инвестира во образованието: По 1 милион евра годишно вложување во изминатите 12 години во Прилеп (МЕГА ГАЛЕРИЈА)

 

BeFunky Collage

Во периодот од 2005 до 2017 година, локалната самоуправа на Прилеп во соработка со претходната Влада, МОН, амбасадите, невладини организации од странство и Македонија, приватни донатори и други лица во изминативе 12 години инвестираше околу 12 милиони евра во сите 16 училишта со преку 40 училишни објекти кои што се наоѓаат на територијата на Општина Прилеп.

_MG_0376 (1)

Тука да напоменеме дека во 2005 год. кога ги примивме училишните објекти истите беа во катастрофална состојба, објекти кои беа градени пред 50, 60 па и 80 години и во нив немаше никакви поголеми инвестиции уште од нивната изградба, со истите клупи и столчиња уште од времето кога учеле родителите на учениците и буквално со истиот училишен инвентар, со амортизирана надворешна и внатрешна столарија, санитарни јазли во катастрофална состојба, без спортски сали и спортски терени и со неуредени училишни дворови. 
_MG_1213

Сега состојбата на училиштата е  целосно променета и имаме модерни училишни објекти кои одговараат на потребите на нашите ученици, но постојано има простор за ново инвестирање и подобрување на условите и ние и понатаму целосно ќе бидеме посветени за реализација на уште многу проекти во училиштата.

Поголеми  инвестиции од 2005 година до денес во основните училишта :

  1. ООУ„Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари и подрачните училишта во Кадино Село и Големо Коњари инвестирани се околу 23 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти :
  • Промена на кровот, столаријата, реконструкција на подовите и целосна санација на санитарните јазли и спортската сала во централното училиште во Мало Коњари, како и целосно асфалтирање на спортското игралиште во училишниот двор.

6983-nova-krovna-konstrukcija-dobi-ou-strasho-pindzur-vo-golemo-konjari-960x600-3

  • Промена на кровот и столаријата, внатрешна санација на училниците како и нови санитарни јазли во подрачното училиште во Големо Коњари-објект изграден 1926 год. без никакви инвестиции, како и отворање на детска градинка во училишниот објект.
  • Промена на кровот, столаријата, нови санитарни јазли и целосна реконструкција на двете училници во подрачното училише во Кадино Село како и целосно асфалтирање на спортското игралиште во училишниот двор.
  1. Во ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци и подрачните училишта во Ерековци, Подмол и Бонче инвестирани се околу 19 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти :
  • Целосно реновирање на две училници, санитарните јазли и адаптација на простории за детска градинка во централното училиште во Канатларци како и целосно реновирање на опожарениот објект и набавка на нов инвентар.
  • Целосна реконструкција на кровот, училниците, промена на столаријата, нови подови како и поплочување и уредување на дворот во подрачното училиште во Подмол.
  • Реконструкција, доградба, промена на столарија, санирање на ѕидови и тавани, изградба на санитарни јазли и реконструкција и адаптација за водовод и канализација во подрчаното училиште во Ерековци.
  • Реконструкција, доградба и санација на старото училиште и повторно отворање на подрачното училиште во Бонче.
  1. 32 милиони денари се инвестирани во ООУ „Круме Волнароски“ во с. Тополчани и подрачните училишта во Клепач, Чепигово, Алинци, Загорани, Старо Лагово, Ново Лагово, Беровци и Галичани :

berovci

cepigovo

IMG_0026

IMG_4449

-Промена на кровот, надворешната и внатрешната столарија, електричната инсталација и санација на ѕидовите и подовите во централното улилиште во Тополчани како и целосна реконструкција на спортската сала, нови санитарни јазли и адаптација на детска градинка во училишниот објект.

– Ново монтажно училиште, уредување на училишниот двор и санација на санитарните јазли во стариот училишен објект во подрачното училиште во Чепигово.

– Уредување на училишниот двор во подрачното училиште во Клепач.

– Нов детски парк и оградување на подрачното училиште во Алинци.

– Реконструкција на кровот и санитарните јазли во подрачното училиште во Загорани.

-Промена на кровот, нова надворешна и внатрешна столарија, нови санитарни јазли и целосна санација на училниците во подрачното училиште во Старо Лагово.

-Целосна реконструкција на училишниот објект во Ново Лагово и тоа покрив, санитарии и училници и уредување на училишниот двор.

-Изградба на ново монтажно училиште Беровци, целосна санација на стариот објект, отворање на детска градинка и уредување на училишниот двор.

-Ново монтажно училиште, уредување на двороното место и целосна реконструкција на стариот училишен објект со отворање на училница во подрачното училиште во Галичани.

  1. ООУ „Гоце Делчев“ и подрачното училиште во Големо Радобил инвестирани се околу 44 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти :

IMG_0369

IMG_0391

– Реализација на капитален проект за комплетно реновирање на училиштето преку Влада на Р. Македонија , Влада на Н.Р. Кина и Локална Самоуправа Прилеп (промена на столарија, врати и прозорци, подови, инвентар, санација на кровна конструкција –  преку 400.000 американски долари) .

IMG_9027

IMG_9044

– Целосна санација на централното греење, уредување на влезниот скалишен простор, уредување на дел од училишниот двор.

– Целосна санација на спортската сала, изградба на ново тениско игралиште, нова балон сала, реконструкција на спортското игралиште.

– Отворање на Дневен Престој во училиштето.

– Промена на кровот, санација на фасадата и санитарните јазли во подрачното училиште во Големо Радобил.

  1. ООУ„Кочо Рацин“ со подрачното училиште во населбата Рид инвестирани се околу 22 милиони денари и се реализирани следниве поголеми проекти:

_MG_0392

– Целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, и санација на фасадата и санитарните јазли во централното училиште.

– Промена на кров, нова надворешна и внатрешна столарија, целосна санација на таваните, ѕидовите и подовите, ново централно греење, нови санитарни јазли и комплетно партерно уредување на училишниот двор во подрачното училиште во населбата Рид-без поголеми инвестиции од неговата изградба во дваесеттите години на минатиот век .

  1. ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ инвестирани се околу 29 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:

6996-ou-kire-gavriloski--jane-so-novo-igralishte-960x600-1

– Промена на кров, комплетна нова надворешна и внатрешна столарија, нова фасада, санација на санитарни јазли, комплетна промена на подовите, санација на ѕидовите и таваните, ново централно греење и уредување на училишниот двор со отворање летни училиници, во тек се градежните работи за целосна реконструкција на спортските терени во училишниот двор.

  1. ООУ „Добре Јованоски“ со подрачното училиште во Лазо Филиповски Лавски (центар за обука) инвестирани се околу 69 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:

– Изградба на нова спортска сала со трибини – 40 милиони денари.

_MG_5051

– Промена на кровот, нова фасада, промена на останатиот дел на старата надворешна столарија, целосно реновирање на училниците (санација на подови, ѕидови и тавани), санација на санитарните јазли, промена на внатрешната столарија,  реконструкција на централното греење.

– Изградба на ново игралиште со вештачка трева и партерно уредување на дворната површина.

_MG_1231

_MG_1243

-Санација на санитарните јазли во подрачното училиште Лазо Филиповски Лавски.

  1. ООУ „Климент Охридски“ со подрачното училиште во Мажучиште инвестирани се околу 33 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:

6879-ou-kliment-ohridski-dobi-senzorna-soba-za-decata-so-autizam-960x600-9

6879-ou-kliment-ohridski-dobi-senzorna-soba-za-decata-so-autizam-960x600-18

– Промена на кровот, нова фасада, целосна промена на надоврешната и внатрешната столарија, целосна реконструкција на училниците (санација на тавани, подови и ѕидови), целосна реконструкција на спортската сала.

– Промена на кровот, ново централно греење, нова фасада, санација на таваните, ѕидовите и подовите, промена на надворешна и внатрешна столарија, санација на санитарните јазли, отворање на сензорна соба за децата со посебни потреби во старата училишна зграда, објект изграден 1923 год. без поголеми инвестиции до 2005 год.

– Целосно партерно уредување на училишниот двор и во тек е реконструкција на спортското игралиште.

– Отворање на Дневен Престој во училиштето.

– Промена на кров, нови санитарни јазли, промена на надворешна и внатрешна столарија, целосна санација на училницата и ходникот и нова електрична инсталација во подрачното училиште во Мажучиште.

  1. ООУ „Рампо Левката“ со подрачното училиште во Селце инвестирани се околу 51 милион денари и реализирани се следниве поголеми проекти:

– Нова надворешна и внатрешна столарија, нов кров, нова фасада, нова електрична инсталација, санација на централното греење, санација на училниците, целосна санација на санитарните јазли и адаптација за отворање на детска градинка.

– Целосна реконструкција на спротската сала и целосно партерно уредување на училишниот двор.

– Санација на кровот, санација на училниците и ходникот, промена на надоврешна и внатрешна столарија, санација на санитарните јазли и партерно уредување на училишниот двор во подрачното училиште во Селце.

– Во завршна фаза е изградбата на ново подрачно училиште во УЗ Сточен Пазар- повеќе од  10.000.000 денари заедно со инвентарот-средства целосно од ЕЛС

Izgradba na POU Rampo Levkata kaj Stocen Pazar_01

 

Izgradba na POU Rampo Levkata kaj Stocen Pazar_02

-Исто така привршуваат работите околу отворањето на нова детска градинка за околу 100 деца во училишниот објект.

  1. ООУ „Блаже Конески“ со подрачното училиште во Варош инвестирани се околу 38 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:

– Отворање на нова котлара во училишниот објект, промена на надоврешната и внатрешната столарија, реконструкција на санитарните јазли, целосна промена на подовите во училниците, санација на подовите во ходниците, целосно оградување на училиштето, целосно уредување на парковската површина и партерно уредување на влезот на училиштето.

IMG_4387

– Објект изграден во 1924 год. и исто така скоро ништо се немаше инвестирано до 2005 година, во изминативе 12 години се реконструира покривот, нови санитарии, нова надворешна и внатрешна столарија, реконструкција на подовите, таваните и ѕидовите, нова фасада, партерно уредување на училишниот двор и ново централно греење во подрачното училиште во Варош.

 

  1. ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ инвестирани се околу 17 милиони денари

реализирани се следниве поголеми проекти:

_MG_1693

_MG_1695

_MG_1705

– Целосна реконструкција на училишниот објект – нов покрив, нова фасада, нови санитарии, нова внатрешна и надворешна столарија, уредување на скалишен простор, нови бетноски плочи помеѓу спратови, ново централно греење, санација на таваните, ѕидовите и подовите и уредување на училишниот двор.

IMG_1077

– Набавка на нов концертен клавир во вредност од околу 1.300.000 денари.

 

Во каква состојба беа училиштата говорат фотографиите во продолжение:

IMG_2288 IMG_2860 IMG_2867 IMG_4761 IMG_5434 IMG_5437 IMG_5555 IMG_5932 IMG_5942 Ruina-OU 011 Ruina-OU 034 Ruina-OU 038 S1050712

SAMSUNG DIGITAL CAMERA
SAMSUNG DIGITAL CAMERA
SAMSUNG DIGITAL CAMERA
SAMSUNG DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

stari 3 stari 5




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.