Вака родителите несвесно ја уништуваат психата на детето – овие работи оставаат трајни последици

1894496110154644005608601724637545n

Верувале или не, научно е докажано дека за поголемиот број психички проблеми се одговорни емоциите и искуствата преживеани во детството.

Следните проблеми се директна последица на родителското однесување кон децата, за кое веруваме дека нормално и вообичаено:

1. Анксиозност, депресија и недостаток на независност

Дали вашите родители или вие спаѓате во така наречените „Родители хеликоптери“ ? Тоа се родители кои постојано надгледуваат, проучуваат и го критикуваат животот на детето. Иако тоа го прават со добри намери, премногу заштита води кон психолошки проблеми.

2. Штетни навики, зависност и екстремни спортови

Доколку родителите постојано им зборуваат на децата дека прават проблеми, тие со текот на времето ќе заклучат дека светот би бил подобро место без нив. Резултат се младите кои несвесно се бараат себеси низ алкохолот, пушењето, дрогата или екстремните спортови.

3. Тешкотии во приватниот живот

Ако како дете добивате инструкции никому да не му верувате, логично е дека ќе израснете во личност која верува дека светот е непријателски настроено место, полно со опасни замки, без тронка добрина.

4. Потиснување на талентите, недостаток на иницијатива, деструктивни забави

Ако родителите често ја користат фразата „Немој мене да ми паметуваш“ или „Престани да леташ со паметот“, ќе воспитаат дете кое ќе нема свое мислење, иницијатива ниту способност за водство.

5. Неодговорност и незрелост

Постои посебен тип на премногу заштитнички родители, кои не дозволуват децата да работат, ама баш ништо. Со ваквото однесување доаѓа пасивност и неодговорност, како и несамостојност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.