Вака правилно се слави Свети Никола според традицијата и обичаите: Да не навлечете грев на куќата и на домашните

Свети Никола се слави најмногу во Македонија. Во целото христијанство се почитува како светител и чудотворец.

Свети Никола се прославува на 19 декември и спаѓа во славите со најголем број почитувачи.

На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител.

Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале.

На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Конзумирање на мрсна храна на овој ден не доаѓа во предвид, бидејќи во тек е Божикниот пост, а игнорирање на задолжителниот пост е строго забрането.

Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, ако се добри децата израдувајте ги денеска со некаков ситен подарок, тие ќе бидат среќни, вам ќе ви биде убаво, а како што вели народот- треба.

Вака правилно се слави славата, според традицијата и обичаите: Да не навлечете грев на куќата и на домашните




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.