“ВО ПРИЛЕП МАЈМУН НЕ ИГРА, ОТИ НЕМА КОЈ ДА МУ ГО ДРЖИ СТАПО”

Во минатите времиња, во Прилеп дошол еден чоек. Со него носел еден мајмун, регистриран, извежбан за изведување разни керефеки. Чоекот шетал низ улиците, а мајмуно изведувал повеќе марифети, се качувал и седел на еден стап. Собрани прилепчани го гледале мајмуно и му фрлаат семки, ореви, лешници, за јадење.

Некој прилепски мајтапџија дупнале еден лешник, го испразниле, внатре пикнале една оса. На мајмуно му фрлил лешници и викнал.

– Ајде касни го, скрши го и овој лешник!

Покрај останатите лешници, мајтапџите му го фрлиле и лешнико со осата. Мајмуно го дочекал вуста, го скршил и осата што била внатре во лешнико го каснала за јазико. Мајмуно престанал да игра.

Откако му оздравела устата на мајмуно, стопано, не знаејќи дали осата случајно или намерно била ставена во лешнико, пак дошол во Прилеп да го забавува народо.

Почнал мајмуно со неговите вештини, рипни овде, рипни онде, гледачите плаќале и се смеле. Некој побарале мајмуно да се качи на стапо што го држи стопано. И мајмуно го сторил тоа. Некој мајтапџија донесол свој стап. На едниот крај закачил една теловна боцка, го поканил мајмунот да се качи. Мајмуно, не знаејќи што го чека, дека ќе биди прелажан, рипнал, се качил на стапо, седнал и тело, боцката, си ‘е набодил во газо. Почнало крв да му течи. Газдата се обидувал и го молел мајмуно пак да се качи. Ама животното одбивало.

По месеци пак дошол газдата и мајмуно во Прилеп, ама никогаш повеќе не се качувал на стап.

Затоа се проширил муабето дека во Прилеп мајмун не играл, оти немало кој да му го држи стапо.

Мајмуно велел обратно.

– Не сакам мајмуни стапот да ми го држат, сакам прилепчани. А прилепчани нема и затоа не играм. На мајмуни не сакам циркус да му кажувам, слези-качи се на стап.

 

Извор: “Неделник Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.