Вооружена група граѓани од Косово ги вршат последните подготовки пред преминувањето на границата на Македонија, за да ги измерат своите сили со македонската полиција, објавува косовската новинска агенција „Presheva jonë“ (Наше Прешево).
Во публикуваниот текст на овој косовски медиум се вели дека групата граѓани од Косово, вооружени до заби, се на пат кон Куманово, и дека се „заколнаа дека нема да се вратат назад без ослободување на членовите на Групата Куманово“, на кои македонскиот суд им им изрече казна од вкупно 746 години затвор.
Битката за ослободување на осудените лица не се знае точно кога ќе започне, но проширена е како идеја, тоа да се случи утре во утринските часови, се наведува во објавената вест.