ВОНРЕДНА НАЈАВА ОД УХМР: Еве што не чека од вечерва до сабота

vremedozd

Од денес, па се до сабота претпладне нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска циркулација од Медитеранот. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во попладневните и ноќните часови, како и утре претпладне, особено во западните и јужните делови. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Од овој влажен бран, на повеќе места се очекува да наврнат над 45 л/м2воден талог. Утре кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува, така што в сабота врнежите ќе бида слаби и локални.

Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови.

 Од недела се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.