“ВОНРЕДНА ВЕСТ: Советниците во Прилеп порачаа: Терористи на слобода-патриоти во зандани?!”

Советниците oд редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија седницата на Советот на општина Прилеп, како знак на револт за притворените лица за настаните од 27 април во македонското Собрание.

Меѓу приведените е и прилепчанецот Јане Ченто, претседател на македонското патриотско Здружение “Пере Тошев” и правнук на Методија Андонов – Ченто.

“Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата “За подобра Македонија” демонстративно ја напуштивме седницата на Советот на општина Прилеп. Ова го правиме како реакција на акцијата на полициската хунта на СДСМ коишто во моментов неправедно ги држат во притвор нашите сограѓани, на коишто единствено злодело им е тоа што си ја сакаат Република Македонија. Денес ова го правиме во името на нашиот другар, во името на нашиот сограѓанин, нашиот пријател Јане Ченто, којшто неправено е задржан во притвор. Денес ние кажуваме стоп на полициската хунта, која што се извршува и на централно ниво, и на локално ниво. Бараме под итно да запре полицискиот прогон на целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на сите граѓани на коишто единствено дело им е што си ја сакаат Република Македонија”, изјави Ирена Стерјоска Локвенец советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.