Северна Кореја испали проектил, при што се утврдило дека се работи за балистичка ракета, пишува Раша Тудеј, цитирајќи ги информациите кои доаѓаат од јужнокорејската армија.
Балистичката ракета била испалена во источен правец од Вонсан, Гангвон Провинцијата.
Претседателот на Јужна Кореја бил итно информиран за ситуацијата, при што наредил итен состанок на Националниот безбедносен комитет.
А.Г.