ВОНРЕДНА ВЕСТ: “Прилеп се крева против промена на името!!! Секогаш на браникот на Македонија! Дојди и ти!!!”

Kaко и секогаш низ вековите и денеска Прилеп одново прв го крева гласот против денешните неправди, кои одново го јадат македонскиот народ. Прилепчани во петок 09.02.2018 година со почеток од 18:00 часот, пред камената бина на плоштадот “Александрија”, ќе излезат на протест против промената на државното име, против двојазичност и ќе побараат ослободување на притворените за настаните на 27 април.

“Државата не повикува, ранета ни е и бара помош од нас да го крениме гласот против сето зло кое се надвиснало над неа”, стои во прогласот на Македонското патриотско здружение “Пере Тошев”, чиј претседател е еден од притворените.

На настанот во петок пред прилепчани ќе се обратат претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, професорката Виолета Ачкоска, поетот Ефтим Клетников и аналитичарот Сотир Костов.

Прилеп се буди! Приклучете се!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.