Утрово во тетовската клиничка болница примени се двајца војници од касарната во Тетово со прострелни рани на телото – дознава порталот “Сакам Да Кажам”.
Врз нив веднаш е извршена хируршка интервенција, но поради сериозноста на повредите се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
Неофицијално, како што дознава порталот, војниците биле повредени од невнимание.