Според информациите на црногорскиот ракометен портал, „Handball.me“, ракометарот на Вардар, Вук Борозан доживеал сообраќајна незгодна и излетал од замрзнатиот пат, управувајќи го својот автомобил.
Борозан е надвор од животна опасност, имал полесни повреди на телото, но се стекнал со повреда на мускулот на задната ложа на десната нога и неофицијално мора да мирува два-три месеци.
Повеќе информации се очекуваат деновиве, кога ќе биде извршена магнетна резонанца на повредената нога. Црна Гора, чиј главен адут е Борозан, се наоѓа во група со македонската репрезентација, Словенија и Германија во група во Загреб.
Левиот бек на Вардар и првата ѕвезда на Црна Гора доживеал сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, кога неговиот автомобил излетал од замрзнатиот пат.