Најмалку 19 лица се убиени, а 50 повредени во експлозија која се случила рано утрината на концерт на американската пејачка Аријана Гранде. Според изјавите на сведоците прво се слушнале експлозиите, а потоа и истрели од огнено оружје. Итните служби и полицијата се на местото на настанот. Хеликоптер постојано го надлетува тој дел на Манчестер. Според зборовите на пејачката, таа е добро.
На концертот имало околу 20.000 љуѓе, главно деца и млади. Британската полиција ја третира експлозијата во Манчестер арената, како можен терористички инцидент, јавува Би-би-Си. Подоцна и премиерката Тереза Меј се јави со порака дека всушнсот се работи за монструозен терористички чин.
https://twitter.com/buhbah_1/status/866786277126848512