На социјалните мрежи веќе подолго време кружи видео со вознемирувачка содржина на кое мајка од Велика Кладуша брутално ја тепа својата ќерка.
Видеото, судејќи според коментарите, се случило летото во Велика Кладуша, а мајката чиј идентитет го откриваат корисниците, со силни удари по целото тело ја тепа својата ќерка.
Ве предупредуваме, видеото е со навистина вознемирувачка содржина!
Иако девојчето е целосно престрашено и без престанок плаче, а во позадина се слушаат и други деца, мајката немала воопшто милост кон своето сопствено дете.
Според коментарите, против мајката пред месец ипол е поднесен извештај за кривично дело, семејно насилство, а одземено и било и старателството над детето.