Момчиња направиле селфи и излегле од вода, па заминале на прошетка, па дури подоцна забележале дека го нема нивниот колега.
Група на момчиња од Индија правеле селфи додека нивниот пријател се давел. 17-годишниот Вишвас Г. се удавил во езеро во близина на Бенгалуруа откако отишол на капење со своите пријатели. Во водата влегол по убедувањето на неговиот пријател иако не знаел да плива.
Едно од момчињата разгледувајќи ги фотографиите во својот мобилен забележал вознемирувачка фотографија. Безживотното тело на нивниот пријател пловело на површината. Тие веднаш повикале полиција, а оттаму велат дека момчињата го игнорирале знакот кој предупредувал дека капењето е строго забрането.
-Таткото на момчето покренал тужба. Иако ние тој случај го третираме како несреќа. Но, можно е таткото да го добие спорот на суд, бидејќи неговиот син бил малолетен и за него биле одговорни организаторите на излетот – велат од полицијата.