На социјалните мрежи вчера се појавија нови фотографии на кои јасно се гледа како повторно во центарот на Скопје, поточно во населбата Карпош 4 слободно се шета змија оттровница.
Фотографиите ги објавија револтираните граѓани кои во Карпош ја затекнале змијата пред нивната зграда и се обиделе да ја убијат но не успеале.
-Драги пријатели, Не се разбирам многу во влекачи и змии, но во Карпош 4 во близина на кејот на Вардар (и тоа на тротоарот пред зграда) е видена змија, не е мала, не знам дали е отровна или не, во секој случај е језива, па само да ви кажам внимавајте на своите миленици и дечиња.
Под оваа објава стојат и неколку коментари дека змијата е отровница.
Извор: “Курир”