Денеска, во пресрет на големиот христијански празник Голема Богородица, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во манастирот Св. Димитрија во с. Селце, организираше комитска средба.
Голем број граѓани, симпатизери, членови и поддржувачи на политиките на партијата, присуствуваа на ова средба, која беше на некој начин и отпочнување на политичката кампања на партијата за престојните локални избори на 15-ти октомври.
На средбата свое обраќање имаа претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески, градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Јохан Тарчуловски, кој предизвика еуфорија кај присутните и изнуди громогласни аплаузи.
A/Г/