Од понеделник во Собранието на Република Македонија започнува расправата за ребалансот на Буџетот за 2017 година за кој што ВМРО- ДПМНЕ поднесоа над 700 амандмани.
Од извори дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ поднеле повеќе стратешки амандмани односно проекти кои што сметаат дека е неопходно за граѓаните да се најдат во Буџетот и да се обезбедат финансиски средства.
Имено, како позначајни амандмани би се издвоиле изградбата на првата фаза од нов автопат од Кичево до Гостивар како и магистрален гасовод од Скопје до Тетово и Гостивар. Како неопходни проекти се наведени и субвенциите за печки на пелети, гасификацијата на Скопје, магистралниот гасовод Битола, Ресен, Охрид, Струга, проектна документација за обиколница кај Велес, ваучери за ИT опрема за студенти од трета и четврта година, стипендии за средношколците, субвенции за системи капка по капка, дополнителни средства за проектите Купи куќа за млади и Купи куќа купи стан, поддршка за претпријатијата од преработувачката индустрија поддршка на граѓани кои што ќезапочнат бизнис во некои од македонските села како и финансиска помош на оние кои што ќе започнат бизнис во некоја рурална област.
Во повеќето амандмани кои ги поднесоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се бара исто така и обештетување на граѓаните по повод материјални штети од земјотресите во Охрид како и обештетување на штети во туризмот настанати од земјотресите во Охридско кои што нанесоа голема штета на туристичката сезона.
Ова се само дел од амандманите кои како што рекоа од ВМРО-ДПМНЕ се реални потреби на граѓаните и се надеваат дека истите ќе бидат префатени од страна на мнозинството во Собранието на Република Македонија.