ВМРО-ДПМНЕ: “Стражарите ќе си одат дома, штрајкот задушен со закани-плати за прилепски Еурокомпозит НЕМА” (ВИДЕО)

Прес-конференција на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп

На прес-конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп велат дека хаосот во Еурокомпозит со доаѓањето на оваа Влада продолжува!

Во продолжение интегрален текст од целата прес-конференција:

“Вработените се уште ги очекуваат ветените 3 плати за 45 дена, но поминаа 100 дена и ништо од ветувањето.

Преговорите со Владата и министерот Кочо Анѓушев биле само обид проблемот да се заташка.Најлошото е тоа што според наши извори ускратено им е правото на штрајк, a синдикатот не смее да дава изјави.

Вработените ги бараат ветените 3 плати од Анѓушев. Скандал од невидени размери е тоа што министерот Кочо Анѓушев ги заборави ветувањата дадени пред вработените на Еурокомпозит , но не заборави да си додели преку државната ЕЛЕМ тендер во износ од 2.6 милиони евра на фирмата „Фероинвест“ која е во негова сопственост

Ги повикуваме надлежните да ги исполнат своите ветувања.

За несериозниот однос кон оваа фирма , одговорот од вработените оваа Влада ќе го добие на 15 октомври”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.