ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Униформи за учениците и ранец со прибор за првачињата

Многу нови проекти и нови дела за Прилеп содржи програмта за престојните локални избори на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ритестески за Прилеп.

Образованието е еден од секторите во општината во кој во изминатите 12 години активно се влужуваше. На подобрување на условите за учење и работа во училиштата беа потрошени повеќе од 10 милиони евра или речиси по еден милион годишно.

Резултатите од таквите вложувања денес се видливи на секоја училишна зграда, а бенефитите ги чувствуваат сите ученици и вработени во училиштата.

Виктор Здравески претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и дел од советничката листа вели дека дел од програмата на партијата е и проектот за обезбедување на бесплатни училишни униформи за сите ученици во основните и средните училишта, како обезбедување на ученички прибор за секој првоодделенец во Општина Прилеп.

Со овој проект значително ќе се растовари домашниот буџет на сите родители и истиот ќе биде од огромна помош.

“Ние вложуваме во младите, затоа што тие се иднината на Прилеп”, додаде Здравески.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.