Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кривогаштани денеска одржа прес конференција по завршувањето на денешната 13-та седница на Советот на општината.
Координаторот на советничката група Александар Богданоски истакна дека Советот донел две одлуки за давање согласност за годишните планови за вработување во општинската администрација за 2018 и 2019 година, при што се планираат нови непотребни 5 вработувања.
Според Богданоски сега вработените 17 во општината се доволно и навремено ги извршуваат работните задачи, а ангажирањето на нови лица нема никаква цел, освен зголемување на трошоците за плати, кои ќе бидат на товар на граѓаните.