Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
“Криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев, откако ја презеде власта континуирано го зголемува своето богатство.
Зоран Заев потврди дека неговата фамилија, преку братучедот Трајче Заев, влезе во милионскиот бизнис со марихуана. Ова е второ големо проширување на бизнисите на Заеви, откако Зоран Заев е премиер. Имено по стапувањето на функција на Заев, фирмите на Заеви го преземаа струмичкиот конфекциски гигант, Герас Цунев со деловни простории над 1800 м2, по цена од една гарсоњера или само за 20.000 евра.
Доколку тука нема конфликт на интереси, тогаш до крај на мандатот половина Македонија ќе стане сопственост на неговиот клан.
Јавноста има право да знае за колку е зголемен капиталот на Заеви и нивните фирми, откако Зоран Заев е премиер.
Вториот човек на картелот, Кочо Анѓушев, во чекор ги следи постапките од својот шеф. Со самото стапување на функцијата вицепремиер, фирмите на Анѓушев почнаа да нижат државни тендери. Па така Фероинвест на Анѓушев, доби тендер вреден 2.6 милиони евра, од АД ЕЛЕМ, а Владата на седница изгласа ослободување од царина за јонско литуимски батерии, кои во Република Македонија, добро знаеме дека единствено ги користи само фирма на Кочо Анѓушев.
Деновиве јавноста беше сведок на уште една зделка на Кочо Анѓушев. Во екот на преговорите околу спорот за името, Анѓушев си доби на сметка 5 милиони евра oд соседна Грција. Тој си ја реализираше продажбата на неговата ЕДС, на грчкото електростопанство за 4.8 милиони евра. Пред да се реализира зделката, Анѓушев лицитираше со неколку можни додавки за името на државата, како, Горна, Северна, Вардарска, кои според неговите зборови за него лично се прифатливи. Ваквиот настап се поклопи со информацијата дека неговата фирма е предмет на интерес за грчкото електростопанство.
Почитувани,
Картелот ја има заробено државата и ја користи за свои лични лукративни потреби. Целата држава, државниот апарат и државните средства се ставени во полза на картелот. Додека стандардот на граѓаните се влошува и се живее далеку полошо од пред една година, Заев, Анѓушев и врхушката околу нив, преку нивните семејни фирми влегуваат во милионски бизниси.
Овој криминален картел мора час поскоро да си замине. Нашите граѓаните заслужуваат подобро”