На денешната координација на пратеничката група со лидерот на партијата Христијан Мицкоски, било одлучено ВМРО-ДПМНЕ да не присуствува на денешната седница во Собранието на Република Македонија.
Ваквата одлука според партиски извори, ќе ја образложи лидерот на партијата пред македонското Собрание.
Инаку денеска после новогодишните и Божиќните празници Собранието стартува со работа, а на дневен ред се поголем број точки, меѓу кои и второто читање на Законот за употреба на јазиците.