Срцата на стотици прилепчани вечерва чукаа за Македонија, за нејзината унитарност, за зачувување на нејзината посебност и идентитет.
Прилепчани први го кренаа гласот за спас на државното име и во голем број вечерва се собраа во центарот на градот.
Она што беше проследено со најмногу емоции беше интонирањето на државната химна, кое беше посветено на притворениот оперски пејач Игор Дурловски