По речиси 36 часа потрага леопардот е фатен во фабричкиот комплекс на “Марути Сузуки” во Индија, пишува Би-Би-Си.
Залутаниот леопард службениците во фабриката го виделе на безбедносните камери во дел од комплексот во кој се произведуваат мотори. Ноќните работници веднаш биле евакуирани, просторот бил затворен, а кога дневните работници пристигнале во четвртокот наутро, не можеле да влезат во комплексот.
За време на долготрајната потрага камерите уште неколку пати го снимиле леопардот пред конечно да биде лоциран и успиен.
– Леопардот е пренесен во болница на преглед и покасно ќе биде пуштен во дивината – изјавиле службениците за зачувување на шумата за Би-Би-Си.
Haryana: A Leopard has entered Maruti Suzuki's plant in Manesar. Forest officials and Police at the spot. Plant shut pic.twitter.com/ZuwoIzGfpa
— ANI (@ANI) October 5, 2017
Ф.Г.