Шест затвореници во “Полк Каунти” затворот во Џорџија, му го спасиле животот на чуварот кој колабирал во текот на неговата смена и таа можност не ја искористиле за бегство.
Според “Тајм”, затворениците ја чистеле тревата во гробницата во близина на затворот, кога шерифот паднал во несвест. Наместо да избегаат, затворениците тргнале да му помогнат.
Затворениците повикале 911 (број за полиција) и на чуварот му пружиле прва помош. Чуварот се онесвестил поради преголема влажност на воздухот.
Ф.Г.