(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ СЕ СМЕЕ ПОРАДИ НОВИОТ ГАФ НА БЕРЛУСКОНИ: “Фино момче со згодна мајка”

silvio-emanuel-620x350

Силвио Берлускони го опиша новиот претседател на Франција Макрон како ” фино момче со многу згодна мајка”, очигледно алудирајќи на разликата во годините меѓу францускиот претседател и неговата жена Бриџит Макрон, пренесува “telegraf.co.uk”.

Поранешниот италјански премиер, кој е познат по своите дипломатски гафови, вчера се пошегува велејќи дека претседателот Макрон е “39-годишно момче со богато работно искуство и пред се со згодна мајка која го носела под рака додека бил мал”.

Берлускони кој е познат по ваквите изјави рече дека критичарите воопшто немаат смисла за хумор.

Tan2017-5-14_14512549_4

Во 2009 година изјави дека илјадниците луѓе кои останаа без кров над глава по земјотресот во Аквили, да се однесуваат како да се на кампување. За Обама изјави дека е згоден, млад и добро исончан.

Исто така, добро е позната и ситуацијата за време на НАТО самитот кога ја натера германската канцеларка Ангела Меркел  и другите учесници да го чекаат додека тој телефонира.

Цел свет се смееше кога при посетата на Ангела Меркел реши да се пошегува со неа, па се сокри и покасно и посака добредојде.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.