(ВИДЕО) ЦЕЛОСНА КАПИТУЛАЦИЈА НА ЏИХАДИСТИТЕ: Сириската армија го презема Дамаск после 7 години !

Екстремистите на Исламска држава денес го напуштија последниот дел на Дамаск кој го контролираа, со што се отвори патот на сириската влада да ја преземе контролата над целиот главен град и околните области, за прв пат од 2011 година.

Капитуалцијата на џихадистите во Дамаск следеше по еднонеделната офанзива на владините сили во две области на Дамаск. Владините сили ги бомбардираа со артилериски оган населбите Хаџар ал Асвад и палестинскиот камп Јармук.

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР) предупреди дека насилството претставува закана за 12.000 палестински бегалци во Сирија. Станува збор за Палестинци кои се преселиле во СИрија во 1948 година.

На џихадистите им е дадена можност да останат и да склучат договор за мир со сириската влада или со автобуси да бидат префрлени на територија на ИСламска држава, во пустината на истокот од Сирија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.