Пратеникот од партијата Независни за Хрватска, Жељко Гласновиќ на вчерашната седница на хрватското собрание, најпрво говорел за Сирија и Палестина, како и за останатите случувања на Блискиот Исток, а својот говор го заврши со осврт на Истанбулската конвенција.
“Прашање е што се случува во Сирија. Ние сме на работ на еден голем, глобален судир. Каде се тука хрватските медиуми на тоа жариште. Кој е ставот на хрватската влада кон оваа ситуација. Од една страна ја имаме Русија, Иран, режимот на Асад, а од друга Израел, Америка, вклучително и ИСИС, Хезболах…. Руската флота е на готвс, Израел го подигна ракетниот штит. Некои не ги интересира што се случува таму, туку овде разговараат за обложувалници и други нешта”, рекол на почетокот од своето излагање пратеникот од “Независни за Хрватска”.
„Бидејќи главна тема денеска е Истанбулската конвенција, имам некои подароци за нашата коалиција овде“, рекол Гласновиќ, па од црна ќеса извадил балетанки. Нив ги наменил за пратеникот Бојан Главишевиќ „доколку не е сигурен во својот пол“.
Гласновиќ на говорницата извал и штикли и танга.
“Можете да ги земете наградите после гласањето”, им порача на пратениците на крајот од своето излагање.