Итен состанок на Советот за безбедност од Обединетите нации беше свикан поради наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума во источна Гута.
Претставниците на САД и Русија остро реагираа на овој состанок, разменувајќи тешки зборови, пренесува Би-БИ-Си.
Васили Небензја рече дека инцидентот во Дума бил режиран и дека евентуална американска воена акција би довела до “сериозни реперкусии”.
Русинот ги нарече “белиште шлемови” обични измислици, а таа организација ја обвини дека шири лажни вести.
– Дрско и се закануваат на Русија, со тон кој ја преминува границата на дозволеното. Дури ни во време на Студената војна не било забележано вакво однесување кон Русија, рекол Небензја и додал дека истражувачите на Организацијата за забрана на хемиско оружје би трабало уште утре да одлетаат во Сирија како би ги провериле обвинувањата поврзани со нападот.
Американската амбасадорка Ники Хејли вели дека Русија на своите раце има “крв од сириски деца”.
– САД се одлучни да го натераат чудовиштето кое фрла хемиски бомби, да ја плати цената.
U.S. Ambassador Nikki Haley speaks at UN Security Council emergency meeting in wake of suspected chemical attack in Syria. https://t.co/8AoewaCf7J pic.twitter.com/H3tWazCdgu
— CBS News (@CBSNews) April 9, 2018