Американскиот пливач Мајкл Фелпс, спортист со најмногу оплимписки медали во јули ќе се натпреварува со голема бела ајкула, најави „Дискавери“.
-Спортистот со најмногу медали ќе се натпреварува со најопасниот предатор во океанот, се наведува во соопштението на американскиот тв канал кој е продуцент на емисијата „Shark Week“, во чиј дел ќе се емитува трката.
Најголемата брзина постигната од Фелп е 9,6км/ч во 2010 година, додека големата бела ајкула кога лови може да достигне и до 40 км/ч.
Фелпс се повлече од натпреварувањата во пливање по Олимписките игри во Рио минатото лето.